• петок, 27 декември 2024

Алексовска постави нов национален рекорд во фрлање кладиво

Алексовска постави нов национален рекорд во фрлање кладиво
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) – За време на атлетскиот Куп на Македонија одржан изминатиот викенд во Скопје, соборен е еден рекорд на фрлање кладиво за млади младинки од страна на Теа Алексовска од АК Куманово. Таа со резултат 25,62 м. Го сруши досегашниот рекорд во сопственост на  Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со 22,04 м. На натпреварот учество зедоа 24 атлетски клубови членки на Атлетската федерација на Македонија со вкупно 155 атлетичари. Купот, кој по карактер е екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите минимални вредности на резултатот “норми„ собираат бодови за рангирање на клубот, успеаја да се пласираат вака: Кај сениорките: 1 место со 608 бодови АК Куманово 2 место со 302 бодови АК Центар 3 место со 254 бодови АК Делта Кај сениорите: 1 место со 657 бодови АК Делта 2 место со 330 бодови  АК Охрид 3 место со 307 бодови АК Куманово Вкупен пласман на прворангираните три екипи: 1 место со 915 бодови АК Куманово 2 место со 911 бодови АК Делта 3 место со 448 бодови АК Работнички Во ревијалните трки за деца учество зедоа 11 атлетски клубови со учество на 132 најмлади атлетичари. зс/

Остани поврзан