• среда, 25 декември 2024

Александар Николоски - вицепремиер и министер за транспорт и врски

Александар Николоски - вицепремиер и министер за транспорт и врски

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Актуелниот пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е кандидат за вицепремиер и министер за транспорт и врски во новата влада, е роден на 24 март 1984 година во Охрид. 

Дипломирал на Правниот  факултет „Јустинијан Први”  Скопје  на Отсекот  за политички науки, каде е кандидат за магистер по политички науки и меѓународни односи. 

Николовски бил пратеник во Собранието од 2006 до 2016 година, како и од 2020 година досега. Бил член на Националниот совет за евроинтеграции, Анкетната комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот Борис Трајковски, на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и за европски прашања, како и претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Бил на позициите потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (2015 - 2017), на Комитетот за политички работи и демократија (2016-2017) и на Комитетот за спроведување на обврските и заложбите на земјите членки (2014-2016) на Советот на Европа.

Претходно, од 2002 до 2004, бил секретар на ФРЕСТА програмата за невладини организации и меѓуетнички дијалог на југо-источна Европа, а од 2000 до 2002 претседател на Средношколската унија на Македонија. 

Во биографијата во компјутерски вештини ги наведува Windows, MS Office, macOS, а од странските јазици одлично познавање на англиски и напредно на француски јазик. 

Добитник е на наградите Европски млад лидер 40 под 40 највлијателни личности во Европа за 2022 и Пријатели на Европа (Friends of Europe) официјален избор на Европска Унија. лв/дма/

 

Остани поврзан