• четврток, 26 декември 2024

Александар Георгиевски ја презема функцијата градоначалник на општина Илинден

Александар Георгиевски ја презема функцијата градоначалник на општина Илинден
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Во Општина Илинден денеска официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски. Александар Георгиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден во наредните четири години. - Веднаш по примопредавањето на функцијата градоначалникот Георгиевски одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење, информираат од прес-службата на Општина Илинден.фф/лв/

Остани поврзан