Александар-Арнолд ја освои наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата
- Александар-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија на фудбалски експерти.
Ливерпул, 14 август 2020 (МИА) - Талентираниот десен бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд ја освои наградата за Премиер лига до 23 години. Англискиот интернационалец го престигна триото на Манчестер Јунајтед - Маркус Рашфорд, Ентони Мартиал и Мејсон Гринвуд, како и Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.
Александар-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија на фудбалски експерти.
Десниот бек на Ливерпул оствари 13 асистенции и постигна четири гола во Премиер лигата минатата сезона.
Само плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, заврши со повеќе асистенции.
Merseyside's Finest™️@trentaa98 is your @TAGHeuer Young Player of the Season 🙌#PLAwards pic.twitter.com/70VFJAV0de
— Premier League (@premierleague) August 14, 2020