• недела, 28 јули 2024

Алегри: Мора многу да се потрудиме за да ја победиме Севилја

Алегри: Мора многу да се потрудиме за да ја победиме Севилја

Торино, 11 мај 2023 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања од првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Севилја во Лигата на Европа.

 

- Севилја четири пати ја освои Лигата на Европа и два пати Купот на УЕФА. Тие се навикнати на вакви ситуации, тие се специјалисти на овој турнир. Мора да работиме навистина напорно за да ги победиме. Оваа година созреавме и станавме посилни. Ни остануваат уште четири првенствени натпревари и овие полуфиналиња. Треба да го направиме она за што отсекогаш сме зборувале, да го дадеме својот максимум на теренот и да видиме каде ќе не однесе на крајот на сезоната, изјави Алегри.

 

Натпреварот помеѓу Јувентус и Севилја ќе се одигра во Торино вечер со почеток во 21 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан