Алегри и Конте меѓу кандидатите за тренер на Милан
- Како главни кандидати за клупата на Милан од следната сезона се споменуваат италијанските фудбалски стратези Роберт Де Зерби, Масимилијано Алегри, Антонио Конте и Винченцо Италијано.

Милано, 4 април 2025 (МИА) – Како главни кандидати за клупата на Милан од следната сезона се споменуваат италијанските фудбалски стратези Роберт Де Зерби, Масимилијано Алегри, Антонио Конте и Винченцо Италијано.
Италијанските медиуми пренесуваат денеска дека управата на клубот на крајот од оваа сезона ќе му се заблагодари на Португалецот Серџо Консеисао, кој во јануари го наследи сонародникот Пауло Фонсека.
Според истите извори, челниците на Милан сакаат Италијанец на клупата за која главни кандидати се Де Зерби, Алегри, Конте и Италијано. Тројца се под договори, додека Алегри е без тренерски ангажман.
Де Зерби во моментов е на чело на Марсеј, Конте е на клупата на Наполи, додека Италијано ја предводи Болоња. ег