• сабота, 23 ноември 2024

Алегри го напушти Јувентус?

Алегри го напушти Јувентус?

Торино, 17 мај 2024 (МИА) - Фудбалскиот тренер на Јувентус, Масимо Алегри пред крајот на тренингот го напушти тренинг центарот на клубот, што предизвика големо внимание и полемики во јавноста.

Тој излета од „Континаша“ во својот „фиат“, а видеото набрзо се најде на социјалните мрежи, благодарение на што стана предмет на полемики.

Многумина сметаат дека неговото заминување од Јувентус е веќе завршена работа, а ова видео само го потврди тоа.

Торинскиот клуб пред две вечери го освои Купот на Италија, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, но шокот дојде по мечот, кога Алегри вербално се пресмета со локалните новинари, кои со месеци го критикуваа. .

Сепак, и покрај овој освоен трофеј, никој не е убеден дека Алегри ќе продолжи да биде тренер на Јувентус и следната сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан