• сабота, 23 ноември 2024

Алвеш излегува од притвор со кауција од еден милион евра

Алвеш излегува од притвор со кауција од еден милион евра

Барселона, 20 март 2024 (МИА) - Шпанскиот суд одлучи дека поранешниот дефанзивец на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш, може да биде ослободен од притвор со кауција додека се разгледува жалбата на пресудата за случајот за сексуален напад, соопшти Високиот суд на Каталонија.

Се истакнува дека сумата за кауција е еден милион евра. Во исто време, Алвеш мора да ги предаде двата пасоши - шпански и бразилски. Нему му е забрането да ја напушти територијата на Шпанија и кога ќе биде повикан треба да с ејави на суд.

На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во локален ноќен клуб во 2022 година. Дополнително, му беше наложено да плати 150 илјади евра на оштетената.

По овој инцидент Барселона го симна Алвеш од листата на клупски легенди. Бразилецот за каталонскиот тим настапуваше од 2008 до 2016 година, а потоа и од 2021 до 2022 година. 

Со Барселона Алвеш стана шесткратен шампион на Шпанија и трикратен освојувач на Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан