• недела, 01 септември 2024

Алварез: Ќе дадам се од себе да не ги разочарам навивачите на Атлетико Мадрид

Алварез: Ќе дадам се од себе да не ги разочарам навивачите на Атлетико Мадрид

Мадрид, 13 август 2024 (МИА) - Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез е претставен како ново засилување за Атлетико Мадрид. Поранешниот играч на Манчестер Сити однапред се заблагодари на поддршката и љубовта покажана од навивачите.

-Многу сум среќен, возбуден сум што сум тука. Многу ми се допадна начинот на кој ме пречекаа во градот, во клубот. Имам големи цели и амбиции. Од самиот почеток добив многу пораки од навивачите. Како што кажав на аеродромот, многу луѓе дојдоа да ме пречекаат, други дојдоа на стадионот. Одлично е да ја започнам мојата авантура на ваков начин, изјави за медиумите возбудениот Аргентинец, кој летово ја освои Копа Америка.

Неговата голема желба е да не ги разочара навивачите со перформансите на теренот.

-Ќе го дадам својот максимум за да бидам најдобар можен играч за да му помогнам на тимот да биде на врвот, истакна Алварез во првото интервју како играч на Атлетико. дс

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан