Алборг го совлада Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите
- Со аплауз и спортски поздрав битолската публика и ракометари вечерва ја честитаа победата на данскиот ракометен шампион Алборг кој Еурофарм Пелистер го совлада со 33:28.
Битола, 28 февруари 2024 (МИА) - Со аплауз и спортски поздрав битолската публика и ракометари вечерва ја честитаа победата на данскиот ракометен шампион Алборг кој Еурофарм Пелистер го совлада со 33:28.
Македонкиот ракометен првак предводен од најдобриот играч и стрелец на натпреварот Филип Кузмановски кој постигна 9 голови, не успеа да направи изненадување на последниот натпревар пред домашната публика која и вечерва посакуваше успех во Лигата на европските ракометни шампиони.
Гостите од Данска рутинска стигнаа до победата особено по 20 минута од натпреварот кога се „одлепија“ со три голови разлика и предност која во првото полувреме изнесуваше 17:14 во корист на екипата предводена од Хансен. Во вториот дел немаше никава неизвесност, неколку поостри дуели и исклучувања во двете страни кои предизвикаа негодување кај публиката за што се чини виновни беа судиите од Словачка.
На крајот, гостите водството од седум голови разлика лесно го одржуваа, се до последната минута кога дуелот заврши со 33:28 за данскиот ракометен шампион Алборг. мт
Фото: МИА