• недела, 22 март 2026

Албански државјанин приведен на ГП „Блато“ кај Дебар, возел со 2,23 промили алкохол во крвта

Албански државјанин приведен на ГП „Блато“ кај Дебар, возел со 2,23 промили алкохол во крвта

Дебар, 21 март 2026 (МИА) - На граничниот премин „Блато“, на македонско - албанската граница, кај Дебар, лишен од слобода е албански државјани, кој возел под дејство на алкохол. 
 
-Синоќа во 22:45 часот на излез од државата на ГП „Блато“ на излез од државата полициски службеници го лишиле од слобода Л.Л. (37) од Република Албанија. Констатирано е дека тој управувал возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата. 
 
По документирање на случајот, против него, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
Претходно полициски службеници лишија од слобода албански државјанин, кој возел над дозволената брзина, а кога бил запрен агресивно се однесувал кон нив. вт/вј/ 

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан