• сабота, 23 ноември 2024

Албанските демократи потврдија дека ќе учествуваат во изборот на нов шеф на државата

Албанските демократи потврдија дека ќе учествуваат во изборот на нов шеф на државата
Тирана, 28 април 2022 (МИА) - Вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија  (ПД) и координатор на пратеничката група, Енкелејд Алибеај,  изјави дека опозицијата ќе биде вклучена во процесот за избор на новиот претседател на Републиката. Тој пред почетокот на пленарната седница на Парламентот индиректно го прозва Бериша, истакнувајќи оти со гласови на „нон грата“ не може да се избере нов претседател, туку е потребна сеопфатна вклученост, бидејќи мнозинството нема легитимитет да го избере самостојно. - За претседателот, ставот на Демократската партија е јасно и јавно кажан од сите пратеници. Тоа ќе биде дел од дискусиите на состанокот на пратеничката група. Наша обврска е да ја преземеме оваа одговорност и тоа е политички тест за сите политички партии да учествуваат во процесот. Според традицијата одиме на консултации. Ќе кажам дека ова мнозинство нема легитимитет самостојно да го избира претседателот. Според извештаите на Стејт департментот или ОБСЕ, ова мнозинство нема легитимитет само да одлучува. Човек кој е прогласен за „нон грата“ нема право да вклучи во ова прашање,  изјави Алибеај. Консултативна седница на коорднаторите на пратеничките групи во Парламентот предвидена е за 4 мај, првиот круг на гласање социјалистите предлагаат да се спроведе на 10 мај, додека до 27 истиот месец треба да заврши целата процедура. Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета, завршува на 24 јули. вт/ми/  

Остани поврзан