• среда, 25 декември 2024

Албанскиот амбасадор Фатос Река на средба со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу

Албанскиот амбасадор Фатос Река на средба со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу

Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река, денеска ја посети Општина Чаир каде што оствари средба со градоначалникот Висар Ганиу.

Како што соопшти Општина Чаир, Ганиу по средбата изјави дека секој пат разговорите со Река се продуктивни и имаат многу јасна визија.

 -Развојот на нашата општина е главен приоритет, затоа ги информирав гостите за напредокот на проектите што се во тек и нашите идни планови, изјави Ганиу.

Тој додаде дека на средбата со амбасадорот Река, фокусот бил ставен и на продлабочување на соработката меѓу Општина Чаир и Албанската амбасада. 

-Се фокусиравме и на продлабочување на соработката меѓу нашите две институции, што убеден сум дека ќе доведе до уште поголемо зајакнување на соработката меѓу Општина Чаир и албанските општини. Утврдивме дека таквиот процес придонесува за зачувување и развој на секогаш одличните односи меѓу граѓаните од двете страни на границата, како и прекуграничната институционална соработка, рече Ганиу. дма/лв/

 

Тагови

Остани поврзан