• среда, 25 декември 2024

Албанската полиција на преминот „Блато” спречила шверц на нафта

Албанската полиција на преминот „Блато” спречила шверц на нафта

Дебар, 18 јануари 2023 ( МИА) – На граничниот премин „Блато” на албанско-македонската граница кај Дебар,  полицијата уапсила албански државјанин при обид да шверцува гориво-нафта.

Станува збор за К.Б.(34) кој во автомобил „audi Q7″ имал натоварено поголема количина дизел, што го набавил во Дебар.

Полициските службеници при извршена контрола во возилото управувано од 34-годишникот пронајдоа поголема количина шверцувана нафта, која како материјален доказ е одземена. По извршени процесни дејствија за овој случај,  лишен е од слобода државјанин К.Б. 34 години, за сторено кривично дело „криумчарење стока за која се плаќа акциза“, за кое ќе одговара пред судот во Пешкопеја.

Поради пониската цена и подобриот квалитет на горивата, голем број граѓани од пограничните албански населени места редовно набавуваат гориво, пред се нафта во Дебар. Литар нафта во Албанија е околу 110 денари.

Бидејќи на бензинските пумпи во Дебар се точи гориво единствено во возила, албанските граѓани полнат цели резервоари и надвор од градот ги префрлаат во пластични или други боци, па повторно се враќаат да ги наполнат резервоарите. Оваа постапка ја повторуваат неколкупати. вт/цр

Остани поврзан