• среда, 04 февруари 2026

Албанија: ЦИК распредели 3,6 милиони евра за политичките партии за годинава

Албанија: ЦИК распредели 3,6 милиони евра за политичките партии за годинава

Тирана, 3 февруари 2026 (МИА) - Иако 2026 не е изборна година, за политичките партии во Албанија, таа повторно е златна година. Нивните банкарски сметки повторно ќе бидат полни со пари, откако Централната изборна комисија (ЦИК) ја објави распределбата на годишниот фонд што достигнува бројка од 3,6 милиони евра, објави Топ чанел.

Најголемиот дел од колачот ќе отиде кај владејачката Социјалистичката партија, на Еди Рама, која на парламентарните избори освои  83 пратенички места, или над 1,7 милиони евра. 

- Иако претрпе длабок изборен пораз, касата на Демократската партија ќе добие околу 800.000 евра, додека Партијата на слободата на Илир Мета, кој е во затворски притвор, ќе добие 113.000 евра. Среќата им се насмевна и на другите сојузници на демократите, кои Сали Бериша ги засолни во своето изборно лого. Големата коалиција, која освои 50 пратенички места, успеа да зграби вкупно над еден милион евра, наведува телевизијата.

Над 113.000 евра добива Социјалдемократската партија, партијата „Можност“, која за првпат има свој претставник во парламентот доби над 110 илјади, додека „Албанија ќе ја биде“ околу 90 илјади евра.

Дури и оние кои не освоија пратеничко место не останаа со празни раце. Ендри Шабани, кој не успеа да стане пратеник, туку седна во фотелјата на народниот правобранител, ја напушти лдерската функција на партијата со стабилни финансии, откако Иницијативата „Повик“ доби 40.000 евра.

И поранешниот демократски лидер Љуљзим Баша не обезбеди место во парламентот, но „Евроатлантската коалиција“, која ја формира пред изборите одржани на 11 мај минатата година,  благодарение на учеството на истите, обезбеди околу 46.000 евра. вт/ми/

Фото: Централна изборна комисија сајт

 

Остани поврзан