• четврток, 26 декември 2024

Албанија од утре почнува со олеснување на рестриктивните мерки

Албанија од утре почнува со олеснување на рестриктивните мерки

Тирана, 26 април 2020 (МИА) – Албанија од утре ќе почне со постепено олеснување на дел од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, изјави дека стратегијата за постепено отворање е подготвена од Техничкиот комитет на експерти.

Оваа стратегија предвидува четири фази за постепено олеснување на мерките, кои се тесно поврзани со еволуцијата на инфекцијата „Ковид-19“ и степенот на нејзиното ширење.

-Почнувајќи од понеделник, 27 април, опсегот на движење за граѓаните ќе се прошири од час и половина на два часа ,одржувајќи ги безбедносните параметри на социјална дистанца, со што ќе се прошири можноста за вршење основни услуги во подолг временски период, рече министерката.

Информираше дека од утре ќе почнат со работа и дел од бизнисите на кои ќе им биде дозволено дејноста да ја обавуваат од 5:00 до 17:30 часот со исполнување на одобрените протоколи, обезбедување на задолжителни хигиенско-санитарни услови и почитување на социјална

дистанца за да се гарантира безбедноста на граѓаните и вработените.

-Ќе им се овозможи да работат продавници за облека, за текстил, за чевли и производи од кожа, продавници за мебел, предмети за домаќинство, цвеќари, продавници за миленичиња и нивните намирници во специјализирани продавници, такси – служба , за електронска опрема, детски играчки, спортска опрема, телекомуникациска опрема, рече Манастирлиу.

Додаде дека од понеделник пензионерите, односно повозрасните лица ќе може да се движат од 6:00 до 8:30 часот, граѓаните од 9:30 17:30 часот(со право на движење од два часа со посебна дозвола) придружувани само од едно лице. За лицата кои се на работа и имаат соодветна дозвола не е ограничено движењето. вт/

Остани поврзан