• среда, 25 декември 2024

Албанија дел од меѓународната унија за заштита на природата

Албанија дел од меѓународната унија за заштита на природата

 


Тирана, 2 јануари 2024 (МИА) - Албанија стана полноправна членка во Меѓународната унија за заштита на природата.


Веста преку социјалните мрежи ја соопшти премиерот Еди Рама споделувајќи  видео-запис со природните убавини на неговата земја придружено со сензибилизирачки пораки за зачувување на животната средина. 


- Со убавите честитки од Националната агенција за заштитени подрачја, чувар на нашите природни скапоцености, за добрата година што ја почнува Албанија како полноправна членка на Меѓународната унија за заштита на природата, наведува шефот на албанската влада.


Додава дека членството на Албанија, за првпат и дава можност за размена на искуства за одржлив развој и заштита на животната средина, враќање на заштитените подрачја не само на екосистемските вредности, туку и на природните туристички дестинации.


Сето тоа дава можност да се прошири туристичката сезона  во текот на целата година и да се прошири на целата територија.


Во јануари 2022 година, Владата ја зголеми површината на заштитените подрачја од 17% на 21,5%.  Прогласувањето за национален парк "Порто Палермо" и враќањето на долината на реката Вјоса во национален  парк,  дополнително ја зголеми оваа површина. вт/

Остани поврзан