• среда, 27 ноември 2024

Албанија го отвора поморскиот сообраќај најдоцна на почетокот на јули

Албанија го отвора поморскиот сообраќај најдоцна на почетокот на јули
Тирана,14 јуни 2020 (МИА) - Поморскиот сообраќај кон Италија, кој беше блокиран од март, Албанија ќе го отвори најдоцна во јули, откако, како што е најавено, тоа на 1 јули ќе го направи Италија. Ова за Ора њуз го изјави Павлин Ндреу, директор на генералната дирекција за поморска пловидба. - Очекуваме 3 јули да биде последниот датум за повторното воспоставување на поморскиот сообраќај. Очекуваме, како што е најавено, Италија одлука да донесе утре, 15 јуни, а 1 јули ќе биде последниот датум за кога повторно ќе се воспостави поморскиот сообраќај од италијанска страна а нашите пристаништа да бидат отворени два дена подоцна, изјави Ндреу. Додава дека албанските пристаниште се подготвени со сите меѓународно воспоставени безбедносни протоколи, подготвени и одобрени од надлежните институции. - Овој протокол ги содржи сите мерки во случај на започнување меѓународни линии, почнувајќи од задолжителната дистанца, влегувањето и товарот на патниците, нивното одвојување. Капацитетите ќе се намалат за 70 отсто, посочува тој. На прашањето што во овој период албанските бизнисмени транспортирале со траекти од Италија, тој вели дека било овозможено само увоз на пченица а потоа градежни материјали. Како и секој сектор блокирањето на поморскиот сообраќај предизвика негативни ефекти во работњето на пристаништата, при што најпогодено е пристаништето во Саранда. Министертвото за инфратструктура и енергетика информираше дека од утре ќе биде обновен авионскиот сообраќај на редовните релации Тирана-Атина и обратно. Како што наведува Министертвото, во авион нема да му биде дозволен влез на парник кој ќе има телесна температура над 37 степени. вт/

Остани поврзан