• среда, 18 декември 2024

Албанија: Бегај побара пребројувањето на гласовите да биде со одговорност, чесност и професионалност, Рама објави победа во најмалку 50 општини

Албанија: Бегај побара пребројувањето на гласовите да биде со одговорност, чесност и професионалност, Рама објави победа во најмалку 50 општини

Тирана, 14 мај 2023 (МИА) – По затворањето на гласачките места албанскиот претседател Бајрам Бегај им се заблагодари на сите граѓани кои учествуваа во гласањето за локалните избори.

-Им благодарам на сите Албанци кои денеска гласаа одговорно и достоинствено, со што го исполнија нивното со устав загарантирано право, но и морална и граѓанска обврска кон државата.

Бегај во објава на социјалните мрежи ги повика сите лица кои ќе бидат дел од процесот на пребројување на гласовите да ја извршуваат задачата со одговорност, чесност и професионалност.

-Во овие моменти на пребројување на гласовите, како и објавувањето на резултатите, ги повикувам сите вклучени во овој процес да ги извршуваат своите обврски со одговорност, чесност и професионалност, обезбедувајќи и гарантирајќи ја волјата изразена со гласањето на албанските државјани. Проговорија албанските гласачи! Време е нивниот глас да се преброи правилно и без одлагање, пишува Бегај.

Во меѓувреме премиерот Еди Рама и лидер на социјалистите објави на Фејсбук дека неговата партија е победник во 50 општини а за 11 сè уште не се знае. вт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан