• сабота, 16 ноември 2024

Албанија: Апелација ја поништи одлуката, печатот на ДП го доби крилото на Алибеај, за крилото на Бериша црн ден за правдата

Албанија: Апелација ја поништи одлуката, печатот на ДП го доби крилото на Алибеај, за крилото на Бериша црн ден за правдата

Тирана, 3 март 2023(МИА) - Апелацискиот суд во Тирана вечерва соопшти дека ја поништил одлуката на Основниот суд, со која се даваше право печатот на опозициската Демократска партија да го користи групата на Сали Бериша.

Со оваа одлука, ова право се враќа на демократите предводени од Енкелед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша, е вршител на должноста претседател на партијата.

Според одлуката ова прашање повторно се враќа на разгледување во Основниот суд во Тирана.

Приврзаниците на Алибеај ја поздравија одлуката и најавија дека в понеделник ќе се регистрираат во Централната изборна комисија за учество на локалните избори на 14 мај.

Тоа значи дека Бериша останува вон изборната трка под логото на партијата.

Оерд Булукбаши од крилото на Бериша оцени дека „ова е црн ден за правдата, за судот заробен од Рама".

- Следниот чекор ќе го направат избраните органи на ПД, а не оние што ги избра премиерот Рама. Органите на ПД ќе носат одлуки. Одлуките на ПД ќе ги носат нејзините органи, ова беше црн ден за правосудството. Судот докажа дека конечно и тотално падна под копитата на Еди Рама, рече тој.

Одлуката судот ја донесе по пет часа соочувања со аргументи од двете страни и три часа расправа на судиите. вт/ссм/

Остани поврзан