• петок, 27 декември 2024

Албанезе: Австралијанците на 14 октомври, на референдум ќе гласаат за признавање на домородните народи

Албанезе: Австралијанците на 14 октомври, на референдум ќе гласаат за признавање на домородните народи

Канбера, 30 август 2023 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека Австралијците на 14 октомври ќе излезат на референдум за уставни промени со кои ќе се признаат домородните народи. Целта на референдумот е да им се даде можност на Абориџините и на островјаните од теснецот Торес да им се даде можност во рамките на парламентот да ја советуваат владата за прашања што ги засегаат нивните заедници.

Остануваат шест недели до референдумот на кој Австралијците ќе треба да одговорат дали поддржуваат уставни промени со кои ќе се формира Глас, односно домородно тело кое ќе ги советува властите за прашањата што ги мачат. За изгласување на уставните промени потребно е двојно мнозинство.

Според австралиската изборна комисија, тоа значи дека мора да се добијат повеќе од 50 отсто од гласовите за, но и дека мнозинството гласачи мора да го кажат тоа во најмалку четири од шесте сојузни држави во Австралија.

Албанезе на прес-конференција во сојузната држава Јужна Австралија го објави датумот на референдумот, која може да го одреди и исходот од референдумот. 

-На тој ден секој Австралиец ќе има генерациска можност да ја зближи нашата земја, рече австралискиот премиер. 

Абориџините сочинуваат 3,8 отсто од вкупното население на Австралија, држава со популација од 26 милиони жители.

Поддржувачите на уставната промена тврдат дека тоа ќе помогне да се поправат нарушените врски со абориџинската заедница и да се обедини нацијата, и дека советодавното тело ќе може да се фокусира на подобрување на здравјето на домородците, образованието, вработувањето и домувањето. Противниците тврдат дека тоа ќе предизвика поделба меѓу Австралијците, како и давање преголема моќ на советодавното тело. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан