• недела, 28 јули 2024

Алавес го победи Леванте и се врати во Ла Лига по една година пауза

Алавес го победи Леванте и се врати во Ла Лига по една година пауза

Валенсија, 18 јуни 2023 (МИА) - Алавес синоќа по продолженија го победи Леванте со 1:0 во реваншот од плејофот за промоција во Ла Лига.

 

Стрелец на единствениот гол во 120+9. минута беше Асиер Виљабре, реализирајќи пенал.

 

По резултатите од две средби, Алавес победи со вкупни 1:0 и се врати во Ла Лига една година подоцна. Во сезоната 2021/22, тимот заврши на 20. место во шпанското првенство и испадна.

Нови членови во најквалитетната шпанска фудбалска лига во сезоната 2023/24 ќе бидат и Гранада и Лас Палмас. зс/

 

Фото: Фејсбук Депортиво Алавес

Остани поврзан