• недела, 28 јули 2024

Алавес го отпушти Гаритано, клубот ги загуби последните пет натпревари

Алавес го отпушти Гаритано, клубот ги загуби последните пет натпревари
Виторија-Гастиз, 5 јули 2020 (МИА) - Асиер Гаритано го напушти повеќе не е тренер на Алавес,  објавено е на официјалната веб-страница на шпанскиот фудбалски прволигаш. Педесетгодишниот Шпанец заедно со тренерскиот штаб доби отказ поради незадоволителните резултати. Тимот  загуби пет натпревари во низа и по 34 кола од Ла Лига го зазема 15-то место на табелата. Гаритано го водеше Алавес од 21 мај 2019 година. зс/

Остани поврзан