• среда, 18 декември 2024

Алабаковски пуштен од притвор со одземен пасош како мерка на претпазливост

Алабаковски пуштен од притвор со одземен пасош како мерка на претпазливост
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - По осумдневниот домашен притвор, пејачот Ламбе Алабакоски, кој се сомничи за подметнување пожар во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола од денеска е на слобода, а како мерка на претпазливост му е одземен пасошот, потрврдил неговиот адвокат Дарко Стефановски. Поради настанот со палењето на влезната врата на културниот центар во Битола кој се случи на 4 јуни, на Алабакоски првично му беше одреден осумдневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и американско. Алабакоски се гони за „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години. ар/са/
 

Остани поврзан