• недела, 24 ноември 2024

Акција на Црвен крст Куманово за справување со топлотниот бран

Акција на Црвен крст Куманово за справување со топлотниот бран
Куманово, 23 јули 2022 (МИА) - Членовите на клубот на млади од Црвениот крст Куманово, деновиве спроведуваат акција за делење флаширана вода за случајните минувачи низ централното градско подрачје, соопштија денеска надлежните од организацијата. - Општинска организација Куманово и клубот на млади, на Градскиот плоштад и централното градско подрачје подели 320 шишиња со вода кои беа добиени како претходна донација. Целта на оваа акција беше да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури и им се укажуваше на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје. Оваа акција се планира да продолжи и во текот на наредниот период додека траат високите температури, соопштија од Црвен крст Куманово. Вчера и здравствен дом Куманово на градскиот плоштад организираше акција „Здравје за сите“ која опфати бесплатни превентивни прегледи, мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта. Воедно лекарите ги советуваа граѓаните за заштита од топлотен бран и одржување на физичкото и ментално здравје. - Граѓаните на Куманово изразија голем интерес за превентивни прегледи и совети дадени од медицинскиот тим на Здравствен дом. Лекарите дадоа насоки за почитување на општи мерки за заштита од топол бран, а хроничните болни редовно да ја земаат пропишаната терапија,во консултација со матичните лекари, информираа од Здравствен дом Куманово.ам/вј/

Остани поврзан