• петок, 27 декември 2024

Акција на Општина Центар со ЈП ПОЦ и МВР за дислоцирање на хаварисани возила низ Општината

Акција на Општина Центар со ЈП ПОЦ и МВР за дислоцирање на хаварисани возила низ Општината

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Општина Центар и Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со помош на Министерството за внатрешни работи започнале со акција за дислоцирање на хаварисани, односно неисправни или нерегистрирани моторни возила од јавните површини на целата територија на општината.

Како што соопштија од Општината, инспекциските служби во изминатиот период започнале со ставање на известување, односно опомени до имателите на моторните возила да се јават на телефонски број  076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад.

-Започнавме со акција со која веќе неколку дена ги известуваме граѓаните дека во следните неколку денови можат да се јават на телефонскиот број оставен на нивното хаварисано возило со цел истото бесплатно да им биде однесено во отпад и воедно и да им биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Нашата цел е да ги дислоцираме хаварисаните возила кои со години го узурпираат јавниот простор, го попречуваат движењето на пешаците или зафаќаат простор на паркинзите. Верувам дека оваа акција ќе вроди со плод и ќе ја промени грдата слика во маалата, вели Герасимовски.

Согласно опомената, сопствениците на хаварисаните возила се известуваат дека доколку до 26 септември, годинава, хаварисаните возила не бидат отстранети, против нив ќе биде поднесена пријава за сторен прекршок, согласно со член 63 став 1 и став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за што е предвидена парична казна од 45 евра или согласно член 14а став 2 Алинеа 7 од Законот за Јавна чистота за што е предвидена парична казна од 150 евра, стои во соопштението од Општина Центар. вг/цр

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан