• недела, 24 ноември 2024

Акција на ЕСМ за засадување багремови садници кај РЕК Осломеј

Акција на ЕСМ за засадување багремови садници кај РЕК Осломеј

Скопје, 8 февруари 2024

АД ЕСМ, заедно со Подружницата РЕК Осломеј, денеска ја почнаа акцијата за засадување на 5000 садници на просторот во близина на фотонапонската 10MW електрана изградена на место на затворениот рудник за јаглен Осломеј.

Оваа акција за пошумување е само дел од активностите што ги презема АД ЕСМ како општествено одговорна компанија за да влијае позитивно врз животната средина. Нашата цел е рекултивација на земјиштето на кое е веќе завршено ископувањето на јаглен, со засадување дрвја и создавање на заштитен зелен појас, како и да обезбедиме што повеќе природни услови за прочистување на воздухот околу нашиот производен капацитет.

Заменик генералниот директор на АД ЕСМ, проф.д-р Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Виктор Андонов заедно со вработените од Секторот за развој и инвестиции како и вработените во Подружницата РЕК Осломеј го искористија денешниот сончев ден да учествуваат во акцијата и да ја продолжат посветеноста на компанијата за подобрување на животната средина.

Сите 5000 садници се багрем, бидејки тие се најоптимални за опстојување на овој простор и почва.

 

АД Електрани на Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан