• сабота, 23 ноември 2024

Акција на грчката крајбрежна служба за спасување на околу 150 мигранти во близина на Пелопонез

Акција на грчката крајбрежна служба за спасување на околу 150 мигранти во близина на Пелопонез
Атина, 24 септември 2021 (МИА) – Грчката крајбрежна служба рано утрово спровела акција во близина на Пелопонез за спасување на околу 150 лица, веројатно мигранти, кои се превезувале во дрвен чамец, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, лицата побарале помош откако чамецот почнал да се полни со вода, а им помогнал танкер што бил во близина и сите биле спасени, со исклучок на една жена, која, според сведоштвата, паднала во вода и продолжува, засега без резултат, акцијата за нејзино пронаоѓање. Во спасувачката акција учествувале патролен брод на крајбрежната служба и два хеликоптера, еден од воената морнарица и еден од военото воздухопловство. ср/паг/

Остани поврзан