• недела, 24 ноември 2024

Акција на германската полиција против осомничени исламски екстремисти

Акција на германската полиција против осомничени исламски екстремисти
Берлин, 25 февруари 2021 (МИА) - Во голема координирана акција на германската полиција утрово се извршени претреси во Берлин и во сојузната држава Бранденбург во рамките на истрагата за забранета организација наводно поврзана со исламскиот екстремизам.
Околу 800 полицајци, вклучително и специјалци извршија претреси во домовите на членовите на забранетата организација.
Главна цел на разцијата беше собирање докази.
Полицијата се уште не информира дали некој од осомничените е приведен. ми/

Остани поврзан