• вторник, 12 ноември 2024

Акција „Здравје за сите“ во кумановско Агино село

Акција „Здравје за сите“ во кумановско Агино село

Куманово, 28 април 2023 (МИА) - Жители на кумановското Агино село денеска имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“, која ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото.

Жителите на ова село утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување.

-Ова е втора акција за годинава од програмата „Здравје за сите“. Тимот од „Здравствен дом“ во интерес на жителите, направи бесплатни превентивни прегледи и даде совети за одвикнување од пушење, редовна терапија и контрола кај матичен лекар. На оваа акција имаше интерес, информираа денеска од Здравствен дом Куманово.

Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта ќе се спроведат во текот на годината во селата Куманово, Липково и Старо Нагоричане. ам/мд/


Фото: Здравствен дом Куманово

 

Остани поврзан