• недела, 28 јули 2024

Акција за чистење на патеката околу Беровско Езеро

Акција за чистење на патеката околу Беровско Езеро
Берово, 15 јуни 2022 (МИА) - Вработените во АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово денеска спроведоа акција за чистење на патеката околу Беровското Езеро. - Извршено е чистење на патеката од ресторанот до круната на браната. Исчистени се вегетативните наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина, информираа од Општината. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ја поздрави акцијата и потенцира дека ваквото системско делување е позитивен пример, која треба во пракса да го применат сите, во насока на зачувување и негување на животната средина . - Ја поздравувам ваквата позитивна акција и воедно упатувам благодарност до сите вработени во АД „Водостопанство“ - Подружница Берово, вклучени во истата, рече Пекевски. Како што информираа од Општината, во рамки на активноста собрана е голема количина на комунален отпад кој е транспортиран до градската депонија. вс/фф/

Остани поврзан