• четврток, 05 март 2026

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Охрид, 2 март 2026 (МИА) – Членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро. Нуркачите од клубот овојпат чистеа на потегот од плажата кај Сараиште до Градското пристаниште.

- Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро - велат од „Амфора“.

Акцијата е поддржана од Општина Охрид. Со оваа акција го најавуваат проектот „ОХРИД ЕКО 2026″ што по петти пат ќе се одржи во мај, а е во рамки на меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад во кој покрај домашните ќе бидат вклучени нуркачи од целиот регион. аб/вг/

фото/Амфора

Остани поврзан