• вторник, 20 јануари 2026

Акција за чистење и уредување на трим-патеката во Кисела Вода

Акција за чистење и уредување на трим-патеката во Кисела Вода

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Во рамки на континуираните активности за одржување на јавните површини и унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утрово спроведува обемна интервенција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар „Србија“.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, за реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел ефективно и квалитетно извршување на работите, како што посочуваат, се користи и целокупната опрема на општината: камиони, тримери и телескопски пили.

-Со овие интервенции, Општина Кисела Вода продолжува да работи на одржување чиста и уредна животна средина, обезбедувајќи јавни простори кои се функционални и пријатни за рекреација и слободно време на сите граѓани, соопшти општинската прес-служба.

Воедно, локалната самоуправа  упатува апел до граѓаните за одговорно и совесно однесување, со правилно одлагање на отпадот, со цел заеднички да ја зачуваме чистотата и редот во нашата општина. фф/вг/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан