• петок, 27 декември 2024

Акција за чистење диви депонии во општина Неготино

Акција за чистење диви депонии во општина Неготино
Неготино, 5 август 2022 (МИА) - Почна голема акција за чистење диви депонии во општина Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. -Работници на изведувачот на работите, фирмата „Гас трејд“ од Демир Капија под надзор на Студио Архивисион од Скопје, за потребите на општина Неготино, започнаа со активности за расчистување на дивите депонии на подрачјето на нашата општина. Се стартуваше со чистење на депонијата во Долни Дисан и околината, а со оваа голема акција ќе бидат опфатени депониите во сите населени места во општина Неготино, соопшти градоначалникот. Според Стојанов, планирано е активностите да се одвиваат во наредните шеесетина дена, а предвидени се и заеднички работи со месното население. - Секој граѓанин кој има сознанија за постоење на дива депонија, може да пријави до надлежните служби при општината или до ,,Моја патрола". Сметот и шутот ќе се транспортираат до градската депонија Бучето, додаде градоначалникот на Неготино. свд/рп/

Остани поврзан