• четврток, 26 декември 2024

Акција за спасување на 24 бегалци и мигранти на Лезбос, еден починат

Акција за спасување на 24 бегалци и мигранти на Лезбос, еден починат
Атина, 19 јануари 2021 (МИА) – Во тек е акција за спасување на 24 бегалци и мигранти во југоисточниот дел на грчкиот остров Лезбос, кои се наоѓаат на копно, но во карпест непристапен дел, додека пак пронајдено е телото на маж, кој веројатно починал од премрзнатост, јави дописничката на МИА од Атина. Спасувачката акција за пренесување на бегалците и мигрантите на безбедна локација, како и потрагата за евентуално исчезнати лица се води преку море со помош на брод и хеликоптер на грчката крајбрежна служба и два приватни чамци. Според локалните медиуми, чамецот веројатно вчера пристигнал на Лезбос, а во делот каде што бегалците и мигрантите ја поминале ноќта температурата била под нула степени. Во однос на бегалските и мигрантските бранови во 2020 година, од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека имало намалување за 80 отсто на пристигнувањата, додека пак бројот на баратели на азил кои престојуваат во земјата се намалил за 30 проценти во споредба со декември 2019 година кога имало 92.383 лица, наспроти 64.756 сега. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека минатата година затвориле 57 прифатни центри, а отвориле само три нови. -И во 2021 година ќе продолжиме по истиот пат, со истата решителност, со цел конечно справување со мигрантските бранови во нашата земја, рече Митаракис. ср/сд/

Остани поврзан