• вторник, 12 ноември 2024

Акција за собирање кабаст отпад во општина Ѓорче Петров

Акција за собирање кабаст отпад во општина Ѓорче Петров

Скопје, 29 август 2024 

Тридневна акција за екологија и чистота

Општина Ѓорче Петров, како дел од својата еколошка политика, организира голема акција за собирање кабаст отпад. Оваа иницијатива е наменета за граѓаните кои сакаат да се ослободат од мебел, бела техника и други предмети што повеќе не им се потребни.

Во периодот од 30-ти август до 1-ви септември, ќе бидат поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации низ целата општина. Во некои делови на општината отпадот ќе се собира директно во контејнери, додека во други, специјализирани возила ќе го транспортираат одложениот отпад.

Граѓаните ќе можат да ја искористат акцијата на следните локации:

Паркингот кај градинката во Даме Груев
Хром - Полјана
Последна станица „5-ка“
Ул. „Социјалистичка Зора“ кај игралиштето
Ул. „Македонска Војска“ кај гимназија „Кочо Рацин“
Ул. „Алексо Демниевски“
Дексион кај старата месна заедница
Во руралните делови, локациите се:

Дандар
Блага Вода
Ново Село кај трансформаторот
Орман
Волково кај кружниот тек
Општината ја препознава тешкотијата на граѓаните при транспортот на ваков вид отпад и локациите за негово одложување, затоа оваа акција е создадена со цел да им се олесни на жителите на Ѓорче Петров. Вакви акции ќе се организираат и во иднина, со цел одржување на чиста и еколошки здрава животна средина.

За чисто Ѓорче!

Општина Ѓорче Петров 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан