• петок, 27 декември 2024

Акција за садење на дрвца во паркот во штипската населба „Осми Ноември“

Акција за садење на дрвца во паркот во штипската населба „Осми Ноември“

Штип, 21 март 2024 (МИА) - Повеќе од 30 дрвца се засадени денеска во паркот во населба „Осми Ноември“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков на денешната прес-конференцијата истакнаа дека до секое засадено дрвце ќе биде поставена и информативна табла, преку која граѓаните ќе може да се запознаат со видот на дрвцата. Целта на ваквата акција е да се негуваат зелените површини во градот.

-Идејата е да заедно со општествено одговорни компании, вработените во Општина Штип, локалното население да ја подигнеме свеста, познавање, препознавање и негување на зелените површини со цел за наше поубаво секојдневно функционирање во парковите. Денеска се насадени повеќе од 30 садници од разни сорти, на секој садник ќе биде оставена плочка информативна со цел граѓаните да ги препознаваат дрвцата, вели Зајков.

Градоначалникот Јорданов во оваа прилика истакна дека за овој парк се предвидени и дополнителни содржини, како памп патека, летна сцена, а најави и изградба на најголемиот парк на иднината.

-За овој парк она кое можам да го најавам е дека како Локална самоуправа се планираат дополнителни содржини, една памп трака за велосипедисти, летна сцена која ќе ги анимира нашите сограѓани за одржување на најразлични манифестации. Нашата тенденција е секоја година да ги зголемуваме зелените површини и да ги збогатуваме, вели Јорданов.

Според градоначалникот станува збор за најголемиот парк кој ќе се изгради во општината и се очекува оваа година да се влезе со реализација на овој парк, кој ќе има низа на содржини. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан