• четврток, 05 декември 2024

Акција за отстранување на хаварисани возила и гаражи во Битола

Акција за отстранување на хаварисани возила и гаражи во Битола

Битола, 4 декември 2024 (МИА) - Во Битола продолжува акцијата за отстранување на хаварисани возила и времени објекти гаражи, бесправно поставени на јавни површини во градот.

Од Општина Битола информираат дека акцијата ја спроведува Општинскиот инспекторат и е согласно Законот за јавна чистота.

-Локалната самоуправа спровдува континуирана акција за отстранување на хаварисаните возила. Сопствениците претходно се известуваат да ги отстранат возилата во определен рок. Доколку, сопствениците не постапат по известувањето, возилата ќе бидат отстранети од страна на инспекторатот, на трошок на сопственикот, на кој ќе му биде изречена и парична казна, во согласност со Законот за јавна чистота и Одлуката за комунален ред, посочија од Општина Битола.

Паралелно со отстранувањето на хаварисани возила, на повеќе локации во градот се отстрануваат и т.н. „диви“ гаражи, чиј број само во Нова Битола е значително голем.

-Општинскиот инспекторат постапува на повеќе локации и насекаде се врши отстранување на бесправно поставените времени објекти – гаражи. Акцијата се врши согласно одлука донесена од Советот на Општина Битола, а со цел создавање простор за нови паркинг места и уредување на земјиштето согласно деталниот урбанистички план, потврдија за МИА од тамошната локална самоуправа.

Најголем дел од граѓаните сами ги отстрануваат или забрзано ги продаваат своите гаражи поставени на јавни површини. мт/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан