• вторник, 24 декември 2024

Акција за засадување на садници во Боговиње

Акција за засадување на садници во Боговиње

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу денеска ќе се приклучат на акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на селото Боговиње.

Во акцијата, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, што има за цел да ја подигне свеста и да ги развива позитивни навики кај учениците од најмала возраст ќе бидат вклучени: ОУ „Сами Фрашери" од Пирок, ОУ „Абдил Фрашери" од Боговиње, ОУ „Сабедин Бајрами" од Камењане, ОУ „Дервиш Цара" од Долно Палчиште и ОУ „Лирија“ од Жеровјане.

Акцијата е во рамки на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион финансиран од Швајцарската влада, а инмлементиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации и Министерството за животна средина и просторно планирање.фф/са/

Остани поврзан