До 2 април трае акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ за отплата на долгови без пресметана камата
- ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе заврши заклучно со 2 април 2025 година.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе заврши заклучно со 2 април годинава.
- Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Град Скопје, како и од општините во Град Скопје, се вели во соопштението.
Граѓаните можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број 02 3073 010, Дежурно-информативен центар, 02 3240 300, дирекција или на меил адресите kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk и на www.facebook.com/jpvodovod.skopje
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата почна на 17 февруари годинава. мд/бак/
Фото: МИА архива