• среда, 25 декември 2024

„Акциски план“ за поголема среќа за време на пандемија

„Акциски план“ за поголема среќа за време на пандемија
Софија, 13 јуни 2021 (МИА) - Онор Хонрек Вилкинсон од Институтот за проучување на среќата во Копенхаген за БТА изјави дека Институтот подготви  „акциски план “ со клучни дневни активности за да помогне во зголемувањето на среќата кај луѓето за време на пандемијата со Ковид-19. Планот е претставен во рамките на извештајот од истражувањето што почна во април. Истражувањето е со цел да се разберат ефектите од пандемијата врз нашата среќа и да испита како можеме да ја зајакнеме нашата благосостојба. Истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на заразени луѓе со Ковид-19, испитаниците се чувствувале позагрижени, им било досадно и биле помалку горди, среќни и смирени. Според резултатите од истражувањето младите, самците и невработените страдале најмногу од осаменоста, додека оние со стабилна работа и врски биле најзаштитени. Во исто време, во студијата се наведува дека соживотот седкогаш не штити од осаменост - невенчаните луѓе кои живеат со повеќе од три лица биле поосамени од оние што живеат сами. Медитацијата, разговорот со најблиските и излегувањето се клучни активности за да се намали чувството на осаменост. Студијата укажува и на тоа дека вознемиреноста кај луѓето била предизвикана и од нивниот избор на информации за пандемијата. - Овие откритија ни овозможија да го анализираме емоционалното влијание на глобалната пандемија и оттаму да развиеме препораки за заштита на луѓето од негативните последици во иднина, истакна Вилкинсон. Акцискиот план за зголемување на чувството на среќа вклучува шест главни точки. - Поминете повеќе време надвор, дури 15 минути на ден значително го зголемуваат задоволството од животот, вклучете се во активности поврзани со уметност, занаети или проекти „направи сам“, советуваат од Институтот за проучување на среќата. Исто така се препорачува помагање на пријателите и на семејство, бидејќи олеснувањето на животот за другите позитивно влијание врз личната благосостојба. Дури и виртуелните контакти со најблиските, според експертите ја подобруваат благосостојбата. Една од препораките е и вежбањето, кое е важно за физичкото и менталното здравје. - Очигледно, постојат многу различни работи што луѓето можат да ги направат за поголема среќа и тешко е да се рангираат, наведе Вилкинсон на прашањето дали постои формула за среќа, но таа истакна дека најважните двигатели на среќата се социјалните односи, економските благосостојба, физичко и ментално здравје, слобода, доверба и љубезност. Едно од интересните откритија од досегашните истражувања на Институтот, според Вилкинсон е дека сите изгледаме слично кога станува збор за среќата и ги преценуваме разликите. Институтот за проучување на среќата создаде и Музеј на среќа, кој е опишан како „мал музеј на големите нешта во животот“. - Изгледа дека сите бараме среќа, но можеби бараме погрешни места. Станавме побогати како општества, но честопати не успеавме да бидеме посреќни. Нашата надеж е дека посетителите на Музејот ќе заминат малку помудри , малку посреќени и малку помотивиран да го направи светот подобро место, посочи Вилкинсон. ми/

Остани поврзан