• четврток, 26 декември 2024

Акциска контрола за незаконит лов, одземени девет ловни пушки и муниција

Акциска контрола за незаконит лов, одземени девет ловни пушки и муниција
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - На подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи денеска меѓу 04.00 и 08.00 часот, нполициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство. При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје. Како што информира МВР, во 06.00 часот во Богданци, кај рампата за ветерници, шест лица биле затекнати при незаконит лов и од нив биле одземени осум ловечки пушки и повеќе парчиња патрони и муниција. Притоа, од Љ.Ш.(60) од село Стојаково била одземена ловечка пушка „BAIKAL“ и 18 патрони калибар 12 милиметри, од П.Ѓ.(42) од Валандово биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“, ловечка пушка „Чешка Збројевка“, 15 патрони и 19 куршуми, од Т.Т.(35) од Богданци биле одземени две ловечки пушки „BAIKAL“ и 15 патрони 12 милиметри од В.Б.(47) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“ и 26 патрони 12 милиметри, од К.Б.(37) од село Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Бергара“ и 18 куршуми калибар 30 60 и од Л.П.(32) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Huglu“ и 17 патрони калибар 12 милиметри. Во 06.45 часот, пак, на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, од  И.Т.(61) од село Горно Оризари биле одземени ловечка пушка ,,М-80“ и 12 патрони 12 милиметри, поради сторен прекршок по член 83А од Законот за оружје. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. мч/

Тагови

Остани поврзан