• четврток, 26 декември 2024

Акциите на Хјундаи скокнаа за осум отсто поради „зелениот договор“ на Сеул

Акциите на Хјундаи скокнаа за осум отсто поради „зелениот договор“ на Сеул
Сеул,15 јули 2020 (МИА) - Акциите на компанијата „Хјундаи Мотор“ утрово скокнаа за речиси 8,0 проценти, еден ден откако Јужна Кореја објави „нов зелен договор“ со цел поттикнување на употребата на еколошки возила. Акциите на другите производители на автомобили во Јужна Кореја исто така  зајакнаа при што партнерот на „Хјундаи“ - „Киа Моторс“ забележа раст за 4,1 процент, а снабдувачот на делови за автомобилите „Хјундаи Мобис“ за 3,3 проценти. Првиот човек на групата „Хјундаи“, Џуисун Цунг изјави дека „Хјундаи мотор“ и „Киа моторс“ планираат да продадат еден милион електрични возила на батериски погон до 2025 година и дека заедно се насочени кон удел од над 10 проценти на глобалниот пазар на овие автомобили. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан