• среда, 25 декември 2024

Акцелераторот во Битола наскоро во употреба

Акцелераторот во Битола наскоро во употреба

Битола, 17 декември 2023 (МИА) - ЈЗУ Клиничка болница - Битола повика претставници на фирма производител на акцелераторот со цел да биде поправен и ставен во функција.

Во изјава за медиумите, директорката Елизабета Ивановска, потврди дека акцелераторот 10 години не работи, но со поддршка на Министерството за здравство се очекува проблемот да биде надминат.

- Во Битола акцелераторот е донесен пред многу години, а не беше во употреба. Сега со поддршка од Министерството за здравство повикавме претставник на производителот да го поправи чилерот на самиот акцелератор и да се обезбеди компјутер - симулатор, истакна Ивановска.

Како што е познато, акцелераторот во Битола е набавен и донесен во битолската Клиничка болница во 2013 година, но, до ден денес не е во функција, а барање за негова работа, освен од онколошките пациенти, имаше и од Заводот за ревизија во ревизорски извештај.

Утре во Тетово ќе биде отворен оддел за онкологија кој најнапред ќе биде конзервативен, а потоа ќе се направи бункер, а во Штип се очекува до јуни да биде ставен во функција тамошниот акцелератор, потврдија од Министерството за здравство. мт/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан