• среда, 13 ноември 2024

Актуелниот претседател Андрулакис и градоначалникот на Атина Дукас во вториот круг за лидер на ПАСОК

Актуелниот претседател Андрулакис и градоначалникот на Атина Дукас во вториот круг за лидер на ПАСОК

Атина, 7 октомври 2024 (МИА) – Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис и градоначалник на Атина Харис Дукас, следната недела, во вториот круг ќе се борат за лидерската позиција во грчката Социјалистичка партијата, по вчерашните избори, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните конечни резултати, на изборите гласале 303.223 членови и поддржувачи на ПАСОК, Андрулакис освои 29,64 отсто од гласовите, Дукас 21,41 отсто, поранешниот министер Павлос Геруланос е на третата позиција со 21,12 отсто, а поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу освои 19,52 проценти, потоа следат поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу со едноцифрен број гласови.

До доцна синоќа и додека речиси не беше пребројан и последниот глас, се водеше тесна битка за втората позиција меѓу Дукас и Геруланос, а разликата меѓу двајцата е само 858 гласови.

Победникот во првиот круг и актуелниот претседател Андрулакис рече дека вчера беше „голем ден за демократската партија“, им се заблагодари на сите за учеството како и на противкандидатите бидејќи, како што рече, имале „изборна кампања со политичка култура, етика и сериозност.

- Сигурен сум дека следната недела ПАСОК ќе биде уште пообединет, уште посилен, уште погорд, рече Андрулакис.

Со пребројани 69,5 отсто од гласачките места, односно над 50 отсто од гласовите, актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис е во водство со 32,32 проценти на денешнит

Од друга страна, Дукас посочи дека пораката од изборите е јасно, исто како и неговиот сопартиец, рече дека вчера беше „голем ден за ПАСОК“ и им се заблагодари на поддржувачите.

-Пораката од изборите е јасна. 70 отсто бараат промена на раководството. Затоа ве повикувам во недела заедно да ја направиме големата промена, рече Дукас.

Поради големиот одзив и редиците во одредени гласачки места, гласањето беше продолжено за еден час.

Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите. ср/сд/

Остани поврзан