• вторник, 20 јануари 2026

Активно се работи на изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Активно се работи на изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Куманово, 16 јануари 2025 (МИА) - Продолжува изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Пробивањето на трасата на „Октомвриска револуција“ во текот на летниот период беше одложена за есенва, поради метежот во средината на август. Надлежните од општината очекуваат дека  изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ да го намали сообраќајниот метеж во Куманово.

Како што претходно соопштија од секторот за комунални дејности, за овој проект одвоени се приближно 27 милиони денари, со вклучен данок на додаде вредност. Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно, општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.

Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот на „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“. ам/са/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан