• недела, 28 јули 2024

Активности по повод Светската недела на детето во Пехчево

Активности по повод Светската недела на детето во Пехчево

Пехчево, 2 октомври 2023 (МИА) - По повод светската недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од октомври, прием на децата од Детската градинка „7 Септември“ – Пехчево денеска организираше градоначалникот Александар Китански.

Во рамки на настанот, Китански ги запозна најмалите со плановите на општината, посебно во делот на изградба на паркови и детски игралишта.

- Ова утро со нивната детска насмевка, дечињата му кажаа на градоначалникот доброутро и со пријатни изненадувања му го разубавија денот. Тие му покажаа што знаат и умеат, и му подарија прекрасна рачо изработена слика по повод Светската недела на детето. Тој им посака многу здравје, среќна недела на детето, секогаш да бидат весели, среќни, насмеани, да пеат да се радуваат, затоа што така се живеат детските денови, информираа од Општината.

Честитајќи им ја Светската недела, Китански на дечињата, учителките и директорката им додели скромни подароци за потребите на нивната наставна програма. 

Во општината, децата се запознаа со вработените и нивната работа, беа едукативно запознаени од учителките, директорката и градоначалникот за значењето и функцијата која ја има општината на локално ниво, напоменувајки им дека општината игра клучна улога во општественото живеење на поединецот. вс/цр

Фото:МИА

Остани поврзан