• понеделник, 29 јули 2024

Активности под мотото „Заедно за еден поинаков прв училиштен ден“ во Делчево

Активности под мотото „Заедно за еден поинаков прв училиштен ден“ во Делчево
Делчево, 24 август 2022 (МИА) - Под мотото „Заедно за еден поинаков прв училиштен ден“, традиционално и годинава на почетокот на учебната година, Јавната локална библиотека „Илинден“ и Општина Делчево подарија училиштен прибор и пакети на учениците кои учат во делчевските воспитно-образовни установи.
Годинава, како што информира директорката Биљана Петровска, библиотеката се одлучила да им додели подароци на четири дечиња од социјално ранливи семејства, кои живеат во Црквенец и Илиово.
- Јавната локална библиотека „Илинден“, со многу љубов и внимание им спакува патеки со разновиден школски прибор, сакајќи почетокот на новата учебна година да го започнат со радост и среќа и да имаат се, што на првиот училишен час ќе имаат сите други деца. Овие деца не само што се во тешка социјално -  економска состојба и ги одгледуваат самохрани родители, тоа се и  дечиња кои поминале низ семејно насилство, трауми и скоро секојдневно преживување, и имаат потреба од помош, рече Петровска.
Општина Делчево, пак, за дечињата подготви пакети со храна и хигиенски стредства.
- Целта е барем за момент овие дечиња да заборават на грижите и да се израдуваат. Затоа што секое дете заслужува да биде среќно и безгрижно. Детската насмевка, радоста и задоволството на нашите деца секогаш треба да ни биде приоритет, додадоа од Општина Делчево.
Пакетите утрово се доставени до деветолетката „Ванчо Прке“ и директорот на училиштето кој понатаму ќе ги достави до дечињата. вс/дма/

Остани поврзан