• среда, 25 декември 2024

Активности на Црвен крст Делчево по повод Неделата на хигиенизација

Активности на Црвен крст Делчево по повод Неделата на хигиенизација
Делчево, 16 април 2021 (МИА) - Црвен крст Делчево во соработка со воспитно-образовните установи денеска реализираше едукативни предавања за подобрување на личната хигиена кај најмалите, како дел од одбележувањето на Неделата на хигиенизација. Претседателката на Општинската организација на Црвен крст Билјана Георгиевска истакна дека целта на активностите е дечињата од најмали нозе да се научат со стекнувањето основни хигиенски навики. - Активностите се реализираат во насока на унапредување на здравјето кај најмалите. За таа цел одржавме кратко предавање за хигиенските навики, зошто е важно да одржуваме хигиена, што е хигиена и превенција. Акцент ставивме на  превенцијата за која им укажавме на дечињата дека подобро е со одржување на хигиена да спречиме појава на било каква зараза, рече Георгиевска. За наставниците од деветолетката „Ванчо Прке“, ваквите активности се клучни во насока на обновување на знаењата со кои учениците се стекнуваат за време на наставата. - На оваа тема разговараме и за вееме на часовите, а преку ваквите предавања учениците ги унапредуваат своите знаења зошто треба правилно да си ја одржуваат личната хигиена како мошне значаен фактор во овие услови на пандемија, рече наставникот Соња Стојковска. Во рамки на едукативните предавања учениците се запознаа и со правилниот начин на носење заштитна маска, а добија и подарок хигиенски средства за подобра заштита од Ковид-19. Освен во деветолетката „Ванчо Прке“, предавање по повод Неделата на хигиенизација, Црвен крст Делчево одржа и во Општинската јавна установа  - Детска градинка „Весели цветови“. в.с/цр      

Остани поврзан