• четврток, 26 декември 2024

Активности за поголема прегледност на патот од Глишиќ до Марена 

Активности за поголема прегледност на патот од Глишиќ до Марена 

Кавадарци, 6 јули 2024 (МИА) - Активности за поголема прегледност на патот, беа спроведени на терен помеѓу двете кавадаречки села, Глишиќ и Марена, во текот на денешниот ден, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

- На иницијатива на градоначалникот, патниот правец и двете најнепрегледни кривини се исчистија од дрвја и се оформија канавки, со што е подобрена прегледноста и што е најважно, безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Активностите беа во заедничка соработка со ОВР Кавадарци и ЈП „Комуналец“, а со механизација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму нагласија дека прегледноста на патиштата е важен сегмент во сообраќајот и додадоа дека и во иднина ќе се води грижа за поголема безбедност за сите сообраќајни учесници. свд/аа/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан